Почетна За нас

За нас

Последно ажурирање: 01.07.2022

Како компанија постоиме од 2003 година. Промената на името на компанијата во ОБЦ РЕВОЛУТИОН ДООЕЛ е направена во јуни 2022 година, воедно и со промената на дејноста.

Во почетокот на своето работење бевме фокусирани на сервисирање на компјутери и онлајн продажба на компјутерска опрема, но со текот на времето ја променивме дејноста само на давање услуги, односно развој на софтвер.

Нашата компанија е составена од млади и амбициозни луѓе кои се посветени на својата работа и секогаш се трудат да ги исполнат барањата на нашите клиенти.

Во моментов компанијата работи на развој на софтвер за пишување на резултати од спортски натпревари, како и на развој на софтвер за изработка на фактури, односно управување со компанија. Во рана фаза на развој е исто така и апликација за закажување на термини за фризерија, салон за убавина и слично.

Речиси сите софтверски решенија се направени во соработка со клиентите, односно се прават по нивни барања и потреби. Оттука, доколку некој е заинтересиран за некое од нашите решенија, стоиме на располагање за истото да биде прилагодено според неговите потреби.

Ви благодариме на довербата!